in

Француска лабораторија за прв пат продаде вештачко срце!

Француската лабораторија Карма денес објави дека за прв пат пуштила на пазарот вештачко срце, кое неодамна било всадено кај пациент во Неапол во пресрет на трансплантација.

Тоа е прва продажба на вештачко срце произведено од оваа лабораторија, основана во 2008 година.

Имплантацијата на срцето ја извршил тим лекари предводени од кардиологот Чиро Мајел во болницата во Неапол.

Во 2020 година, француската лабораторија доби лиценца за продажба на својот производ во Европа на пациенти кои чекаат на трансплантација на срце.

Карма, која го измисли вештачкото срце, пред неколку години објави дека не можат целосно да ги заменат трансплантациите, но се вградуваат поради недостаток на срце за трансплантација.

Претходно беше наведено дека протезата тежи 900 грама, потешка од вистинското срце, тешка 300 грама.

Лабораторијата не ја наведува цената на протезата, но француските медиуми претходно изјавија дека таквото срце ќе чини околу 160.000 евра, исто колку и вистинската трансплантација на срце со многу долг пост-оперативен тек.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote