in

Француски воени авиони ги пресекле далноводите при низок лет!

Два француски воени авиони кои летаа многу ниско ги „искинаа“ далноводите и го прекинаа напојувањето на селата на југот на Франција.

Инцидентот се случил во малото село Кастеле, недалеку од градот Маноска. Два „рафали“ (Dassault Rafale), француски повеќенаменски двомоторен борбен авион од четвртата генерација, полетаа од блиската воздушна база. За време на тренинг летот, тие се движеле многу ниско, според извештаите.

Отворена е истрага за, како што се вели, „редок инцидент“.

„Леташе толку ниско што испушти неподнослива бучава, а потоа погледнав и видов друг авион“, рече претседателот на локалната заедница.

„Летаа толку ниско што си реков – мина под далноводот“, рече Беноа Гуени, кој во тоа време беше во возилото на патот.

Понатаму по патот, вели тој, наишол на отсечени електрични кабли обесени на земја: “Еден од авионите удри во далновод и го прекина. Веднаш ги повикав службите за итни случаи и тимот на енергетската компанија Енедис”.

Падот на каблите предизвика пожар кој брзо беше ставен под контрола, пишува локалниот дневен весник.

Селото остана без струја неколку часа, додека патот беше затворен и од безбедносни причини.

“Нема жртви. Овој инцидент во текот на летото го принуди пилотот безбедно да слета во воздухопловната база Оранџ”, изјави за весникот „Прованс” портпарол на француското воено воздухопловство, додавајќи дека „жалат за овој исклучително редок инцидент”.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote