Еден 88-годишен маж бил фатен како вози со 191 км на час на рурален пат во Франција, бидејќи, како што објаснил тој, доцнел на закажаниот термин вакцинација против ковид-19, објави полицијата во петокот.
Дозволената брзина на патот по кој тој беше запрен од полицијата е 110 километри на час, објави полицијата.
Човекот и објаснил на полицијата дека „брзал бидејќи доцнел на вакцинацијата против ковид-19“.
Полицијата не покажала разбирање и му ја одзела возачката дозвола и му го одзела автомобилот.
„За да се осигураме дека сите се придржуваме до ограничувањето на брзината, дури и ако имате возачка дозвола повеќе од 60 години“, напиша полицијата на социјалната мрежа.
Вакцинацијата на населението постаро од 75 години трае од јануари во Франција и таа стратегија дава резултати, бидејќи бројот на заразени лица меѓу осумдесетгодишници опаѓа, изјави премиерот Жан Кастекс.
Коментари
Loading…