Манчестер сити во најлудиот период во Премиер лигата кога за 10-тина дена ќе одиграат четири натпревари, ќе биде значително ослабен.
„Граѓаните“ утре играат против Њукасл, потоа во понеделник ги очекува дуел со Евертон на „Гудисон парк“, на трети јануари му гостуваат на Челси, а три дена подоцна ги очекува и полуфиналето во Лига Купот против Манчестер јунајтед но Пеп Гвардиола за овие натпревари нема да може да смета на Кајл Вокер и Габриел Жесус кои се позитивни на коронавирус.
Покрај двајцата фудбалери, позитивни на ковид-19 се уште двајца членови на стручниот штаб, но меѓу нив не е Гвардиола.
Поради неочекуваниот проблем, Гвардиола ќе мора предвреме да го врати на терените Серхио Агуеро кој се опоеравува од повредата, а можно е улогата на напаѓач да ја добие Феран Торес.