in

Фудбалерите на Барселона се согласија на намалување на платата!

Фудбалскиот клуб Барселона во петокот потврди дека постигнал договор со играчите за ново намалување на платата.

Јавна тајна е дека Барселона е во големи финансиски проблеми. Веќе некое време се зборуваше за ново намалување на платите на играчите, а во петокот клубот потврди дека е постигнат договор со играчите.

Во Барселона, намалувањето на платата, кое за некои достигна 70 проценти, беше на сила за време на паузата во шампионатот, а сега клубот повторно се стреми кон оваа драстична мерка.

На почетокот на месецот веќе беше објавено дека Барселона практично ќе го преполови буџетот за плати, но клубот не можеше да го официјализира овој потег пред да биде постигнат договор со играчите.

На договорот му претходеа повеќенеделни преговори, а клубот смета дека на овој начин ќе заштеди 122 милиони евра.

Можеби клубот не го постигна договорот на кој се надеваше, бидејќи желбата беше да се заштедат 190 милиони евра на име трошоци за платите на играчот, но со овие 122 милиони инстант заштеди, Барселона смета на околу 50 милиони кои ќе заштедат во име на исплата на разни бонуси во следните три години.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote