in

Џенаро Гатузо ја напушти Фиорентина по само 23 дена откако беше прогласен за тренер

Поранешниот играч на Италија, Џенаро Гатузо го поништи договорот со Фиорентина по само три недели поминати во клубот.

43 годишниот тренер ја доби менаџерската позиција во Фиорентина на 25 мај, само два дена откако доби отказ од Наполи. Гатузо, кој беше тренер и на Милан, требаше да започне на својата нова работна позиција во Фиорентина на 1 јули.

Фиорентина заврши на 13 позиција во Серија А и поради тоа го загубија тренерот. „Фиорентина и Џенаро Гатузо се договорија заеднички да го поништат договорот поради несогласувања во трансфер политиката на клубот“ соопштија од Фиорентина.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote