in

Германците европски шампиони до 21 година!

Германската фудбалска репрезентација, играчи на возраст под 21 година, стана европски шампион по трет пат во историјата.

На последниот натпревар одигран на стадионот „Стожице“ во Љубjана, младите „панцири“ го совладаа португалскиот тим со 1:0 и освоија златен медал по втор пат во последните три шампионати. Тие беа и најдобри во 2009 година.

Единствениот гол во престолнината на Словенија го постигна напаѓачот на Манчестер Сити (позајмен во Андерлехт минатата сезона), Лукас Нмеца, во 49-та минута по одличната асистенција на Ридл Баку.

Германија беше подобар и поконкретен ривал и шутираше шест пати во голот, а Португалија само еднаш.

Репрезентациите на Шпанија и Италија се рекордери со пет европски титули на возраст под 21 година, Германија има три, а Англија, Холандија и СССР имаат по две.

Југословенската репрезентација триумфираше во 1978 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote