in

Германија ќе им плати на пиварниците надомест за непродадено пиво за време на пандемијата!

На германските пиварници ќе им бидат вратени трошоците предизвикани од расипување на пивото поради ограничувањата поврзани со вирусот корона, изјави портпаролот на баварското Министерство за економија.

Владата во Берлин ги затвори рестораните и ги откажа големите настани за да го спречи ширењето на ковид-19, па пиварниците не успеаја да продаваат точеното пиво.

Бројот на буриња пиво што истече или наскоро ќе истече рокот расте од ден во ден, што ќе значи загуба од милиони евра за производителите.

Минатата недела, пиварите испратија отворено писмо до владата, во кое бараат финансиска помош затоа што им се заканува колапс поради наглиот пад на побарувачката поради падот на економијата.

Писмото го потпишаа околу 300 пиварници, вклучувајќи ги германскиот огранок на данската пивара Carlsberg, Bitburger Braugruppe, Krombacher и Paulaner Brauerei.

Тие исто така рекоа дека продажбата на флаширано пиво во продавниците „не е ни скоро задоволителна“ за да се надомести изгубената продажба во угостителскиот сектор и слабиот извоз.

Пиварите продале околу 8,7 милијарди хектолитри пиво минатата година, што е за 5,5 проценти помалку од претходната година, соопшти германскиот завод за статистика.

Портпарол на баварското Министерство за економија, каде се наоѓаат повеќето пиварници, објави дека владата се согласила да им исплати отштета на пиварниците за расипување на пивото. Обештетување ќе добијат и винарите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote