in

Германија најавува можно воведување на ограничувања за невакцинираните!

Германија објави дека можеби е потребно да се воведат ограничувања за невакцинираните, ако бројот на случаи во земјата повторно достигне максимум во следните месеци.

Хелге Браун, директор на канцеларијата на германската канцеларка, за „Билд ам Зонтаг“ изјави дека не очекува повторно заклучување поради коронавирусот во Германија.

Браун рече дека на невакцинираните лица ќе им биде забрането да влегуваат на места како ресторани, кина и стадиони бидејќи ризикот е преголем.

Тој рече дека „вакцинираните сигурно ќе имаат поголема слобода од невакцинираните“.

Според него, ваквите мерки би биле законски затоа што „државата има одговорност да го штити здравјето на своите граѓани“.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote