Германската влада одобри денес пакет за итна помош за жртвите од поплави, вреден околу 400 милиони евра и најави брза реконструкција на погодените области.
Министерот за финансии, Олаф Шолц, изјави дека едната половина од пакетот е финансирана од федералната влада, а другата индивидуално од германската држава и дека износот ќе се зголеми, доколку е потребно.
„Ќе сториме што е потребно за да помогнеме што е можно поскоро“, рече Шолц.
Во поплавите загинаа 171 лица во Германија и 31 во Белгија, според АП.
Шолц објави дека утврдувањето на висината на помошта за жртвите ќе биде „многу не бирократски процес“.
„Неопходно е брзо да се испрати пораката дека постои иднина, дека треба да работиме заедно, дека целата земја треба да помогне“, рече Шолц.
Коментари
Loading…