in

Германија со построги мерки!

Германските лидери повикаа на поостри ограничувања за да се спречи ширењето на инфекцијата со коронавирусот, само неколку дена откако земјата забележа најголем број нови инфекции дневно, објави Ројтерс.

Канцеларката Ангела Меркел им соопшти на своите сопартијци и пратеници од владејачкиот парламентарен блок дека мерките за карантин воведени со затворање на ресторани и барови и ограничување на бројот на клиенти во продавниците се недоволни за ставање под контрола на вирусот, пренесува БТА.

„Ситуацијата станува се посериозна: овие мерки нема да бидат доволни за да поминеме релативно нормална зима“, беше цитирана од еден од учесниците.

Бројот на новоинфицирани лица не расте толку брзо како порано, но стагнира на прилично високо ниво, достигнувајќи рекорд од почетокот на пандемијата во средата.

Премиерот на јужната покраина Баварија, Маркус Зудер, кој исто така има најголем број смртни случаи од вирусот, изрази уверување дека регионалните и националните лидери ќе се согласат да преземат поостри мерки пред Божиќ. Претходниот договор беше дека мерките нема да се променат пред 10 јануари.

За Божик и Нова Година беше предвидено делумно олабавување на сегашните рестрикции, односно да смеат да се собираат до десет лица, независно од колку различни домаќинства доаѓаат. Сега Баварија најави дека веднаш по Божик, односно на 27 декември, ќе се врати на заострени мерки против пандемијата. За ова согласност треба да даде и покраинскиот парламент во текот на утрешниот ден.

Иако вакцините на кои се потпре да се запре епидемијата се веќе на пат, бројот на достапни дози е ограничен, што значи дека само некои групи, претежно постари лица, може да очекуваат да бидат вакцинирани во текот на зимата, рече група експерти вчера.

Некои провинции веќе дејствуваат самостојно. Од среда, луѓето во Баварија ќе можат да ги напуштат своите домови само од итни причини, а на места со најмал број на заразени лица, ќе биде потребен локален полициски час.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote