in

ГЕРМАНИЈА СО ДРАСТИЧНА НО МЕРКА ЗА ПОДДРЖУВАЊЕ! Забрани продажба на пластични производи!

Германија воведува забрана за продажба на пластични производи за една употреба, со што се спроведува европска директива насочена кон заштита на океаните од загадување.

Новиот закон, усвоен во септември минатата година, стапува на сила денес и забранува, меѓу другото, пластични „стапчиња за уши, прибор за јадење, чинии, сламки, лажици и чаши“.

Исто така, забрането е и пакување од полистирен што се користи за пакување храна.

Германскиот закон ја спроведува европската директива усвоена во 2018 година, по неколкумесечни преговори меѓу членките на ЕУ, со кои се забрануваат неколку различни категории пластика. Според Европската комисија, производите насочени кон директивата претставуваат 70% од ѓубрето што завршува во океаните и на плажите.

Продажбата на постојните залихи треба да остане дозволена и по 2021 година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote