Најдобриот начин да се згреете во овие студени денови е да испиете топол напиток – како на пример топло чоколадо.
Ова се некои од советите за најдоброто топло чоколадо кое што може сами да си го направите дома.
Без оглед кој вид млеко, чоколадо и вкус го сакате, сепак побарајте ги оние кои што нудат врвен квалитет. Квалитетното чоколадо навистина прави разлика во напитокот.
Состојки:
- 5 лажици какао во прав;
- 4 лажици густин;
- 4 лажици шеќер;
- 500 милилитри млеко;
- 120 грама црно чоколадо;
- 2 лажици шлаг.
Подготовка:
Во тенџерче или во големо ѓезве измешејте ги какаото во прав, густинот и шеќерот. Згрејте го млекото и истурете кај сувите состојки, полека мешајќи. Загрејте ја оваа мешавина на тивок оган, постојано мешајќи.
Пред да по почне многу да врие, намалете го оганот на минимум и ставете ја и искршената црна чоколада (најдобро 70% какао).
Матете додека мешавината не стане кремаста и густа. Доколку сакате топлото чоколадо да ви биде уште поблаго, додадете уште малку шеќер.
Поделете го тоа во две шољи и по желба, украсете со шлаг и чоколадни ромки.
На здравје 🙂