in

БАНДИ ГИ ПРЕСРЕТНУВААТ И ОГРАБУВААТ КАМИОНИТЕ СО PLAYSTATION 5 И МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ!

На нив не им се важни видео игрите со оглед дека имаат ваква акција во животот!

Многу корисници кои планирале да купат PlayStation 5 конзола за празниците, можат да останат без неа.

Со објавувањето на оваа конзола се јави голем проблем со снабдувањето.

Една од причините за ова е што многумина ги купиле овие конзоли и ги препродавале по многу повисока цена. Иако Sony вети дека ќе го зголеми производството на конзолата пред новогодишните празници, најновите вести покажуваат дека на полиците во продавниците нема да има PlayStation 5, а причината е повеќе од бизарна!

Имено, група криминалци во стилот на популарната франшиза Fast & Furious, ограбувале камиони со конзоли на PlayStation 5, мобилни телефони, телевизори и друг товар.

Sony Playstation 5

Овие банди користат повеќе автомобили за да опкружат камиони кои возат околу 80 милји на час. Еден од членовите на таа банда се качува на возилото и со јаже стигнува до покривот на камионот, со цел потоа да ги користи алатките за сечење со кои си дозволува да влезе во камионот. Потоа ги исфрла производите кои потоа ги собира остатокот од тимот.

Овие акции наречени the rollover или „превртување“ се случиле дваесет и седум пати до септември оваа година, но тој број значително се зголемил во претходните недели, бидејќи овие банди се обидуваат да ги исплатат парите од оваа стока пред празничните свечености. Полицијата издаде предупредување до превозниците во врска со зголемените напади.

Times, кој ја пренесуваше веста, цитираше поранешен менаџер за безбедност во сообраќајот на патиштата, кој рече дека овие криминалци сигурно добиле „внатрешни информации“. “Некој сигурно ги известува!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote