in

Били Гилмор доби позитивен тест! Ќе го пропушти дуелот против Хрватска!

Младиот играч за врска на Шкотска, Били Гилмор се тестираше позитивно на коронавирусот и ќе го пропушти натпреварот против Хрватска.

Играчот на Челси беше прогласен за играч на натпреварот во дуелот против Англија во кој Шкоткса ремизираше со 0-0 во петокот. Фудбалската федерација на Шкотска изјави дека Гилмор не бил во близок контакт со останатите фудбалери.

Шкотска ќе се соочи со Хрватска на стадионот Хампден и мора да победи доколку сака да продолжи во нокаут фазата од Европското првенство. Двете екипи имаат по еден поен откако ремизираа против Англија и против Чешка.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote