Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру одигра феноменален натпревар против Шведска во кој постигна два погодоци и се доближи до израмнување на рекордот на Анри како најдобар стрелец на сите времиња за Француската репрезентација. Моментално Жиру има 44 погодоци и има само 7 помалку од легендата на Арсенал.
По поразот Шведска официјално испадна во групата Б во рамките на Лигата на Нациите. Светскиот Шампион, Франција вече се квалификуваше во едно од четирите финалиња на Лигата на Нациите. Еден од головите на Жиру беше асистиран од Маркус Турам, син на шампионот Лилиан Турам кој ја освои најпрестижната титула со Франција во 1998 година.
Коментари
Loading…