in ,

Што?Што?

“Ѓаволски базен” спаѓа меѓу најбизарните популарни туристички дестинации на светот (ВИДЕО)

Во склоп на вулканското подрачје Туапо во Нов Зеланд се наоѓа езерото Ѓаволски базен, познато по зелената боја. Специфичната нијасна ја добило поради комбинацијата на водород сулфид гас и фолна киселина.

Мирисот на базенот го опишуваат како мирис на канализација или расипани јајца. Изгледа дека поради овие факти Ѓаволски базен е идеалното име за оваа локација.

 

Ваиотапу, каде што се наоѓа споменатото езеро е геотермално подрачје во вулканската зона Туапо. Настана пред 230.000 години пред масовната ерупција. На посетителите им е достапен само мал дел од површината од 18 километри квадратни.

Прегреаната вода, која може да достигне до 300 степени, ги раствора минералите од камењата, кои потоа испаруваат. Секако дека водата не е безбедна за капење, всушност киселината може да ви ја изгорe кожата.

 

И покрај чудниот назив и речиси застрашувачки приказ за геотермална енергија, овој дел на Нов Зеланд е омилена туристичка атракција каде луѓето можат да погледнат колку бизарна може да биде природата.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote