in , ,

СлаткоСлатко

Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Ролан Гарос

По двете лоши вести кои ги доби во период помал од 24 часа, Новак Ѓоковиќ сега конечно доби и добри вести во врска со неговиот тениски календар, бидејќи му се отвори патот за два престижни турнири на кои првично немаше право да игра.

Ѓоковиќ пред два дена остана без главниот спонзор „Пежо“ и без својот долгогодишен тренер Марјан Вајда кој реши да се повлече, па во ситуација кога новите победи ќе ги брка со Горан Иванишевиќ, добро е да се знае дека добива зелено светло за настап на Мастерсот во Монте Карло, но и за вториот грен слем во годината.

Француските власти најавија дека таканаречените Ковид пасоши нема да важат од 14-ти март поради ублажување на мерките против Ковид 19, што значи дека на Новак ќе му биде дозволено да игра во Монте Карло, но и на Френч Опен.

Ѓоковиќ ќе може да настапи на Мастерсот кој се игра на земјена подлога од 9-ти до 17-ти април, а како што стојат работите, новите услови прават да може да ја брани титулата на Ролан Гарос во месец мај.

Засега, нема најави дека овие мерки ќе се активираат и во Америка, земја во која и натаму е забранет влез за невакцинирани, што значи дека Новак нема да може да игра на Мастерсот во Индијан Велс и оној во Мајами.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote