in ,

WTFWTF Што?Што?

Ѓоковиќ имаше лош почеток, па обезбеди четвртфинале на US Open

Првиот носител на САД опен, Новак Ѓоковиќ, продолжува во свој стил да реди победи, и сега е на три победи од освојување на сите четири грен-слема во иста календарска година, а тоа ќе значи и нов рекорд по број на освоени грен-слем во историјата на машкиот тенис.

Во осминафиналето, Србинот против младиот Американец Џенсон Бруксби, го загуби првиот сет со 1-6, но потоа го покажа своето вистинско лице и го совлада противникот, освојувајќи ги наредните три сета со 6-3, 6-2, 6-2. Сега Ѓоковиќ има 79 победи на САД опен, и се изедначи со Андре Агаси на третото место на вечната листа. Пред нив се само Роџер Федерер со 89 и Џими Конорс со 98.

„Бруксби е добар и интелегентен играч, му го кажав тоа. Беше мотивиран, одигра совршен прв сет, а моментумот се смени во средината на вториот сет кога имавме неколку долги гејмови и го вратив брејкот“ – рече Ѓоковиќ кој со насмевка додаде дека се согласува со Енди Родик кој рече оти Новак на противниците им ги одзема прво нозете, а потоа и душата.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Матео Беретини, со кого се сретнаа во финалето на Вимблдон.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote