Светот мора да реагира со истата брзина кон климатските промени како што реагираше кон корона вирусот, предупредува Црвениот Крст. Голбалното затоплување може да направи многу поголема штета од корона вирусот, според нив. Пандемијата секојдневно се зголемува, но истото се случува и со глобалното затоплување.
Црвениот Крст тврди дека светот бил погоден од 100 катастрофални настани, а голем број од нив биле предизвикани од климатските промени, од почетокот на пандемијата. Повеќе од 50 милиони луѓе биле жртви на глобалните промени. Во соопштението на Црвен Крст стоеше дека „не постои вакцина за климатските промени“ и дека луѓето мора да ја подигнат свеста за овој проблем.
Коментари
Loading…