in

ГН на Велика Британија: Макс Верстапен победи во спринт квалификациите и се избори за пол-позиција за трката

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе ја започне трката за Големата награда на Велика Британија од пол-позицијата, откако во саботата победи на новата  спринт трка во Формула 1.

Холанѓанецот го престигна Луис Хамилтон на стартот и удобно водеше до крајот за да го зголеми водството во шампионатот со 33 разлика.

Трката ја заживеа брилијантниот прв круг од Фернандо Алонсо, возачот на Алпин од единасеттото дојде до петтото место. Резултатот од спринт трката го поставува стартниот поредок за Големата награда, па коцката на Алонсо при стартување на меки гуми се исплати одлично.

Тој изгуби места од возачите на Мекларен, Ландо Норис и Даниел Рикиардо за време на трката која траеше 17 круга, но сепак се искачи за четири места на гридот за трката на Големата награда на Велика Британија.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote