in

СМЕШНО! Се напил, го сменил своето име во Селин Дион и сосема заборавил на тоа!

Младиот човек кој до неодамна се викаше Томас Дод се опил толку многу што го сменил името во Селин Дион, а подоцна заборавил на тоа.

Како што рече за „Бирмингем во живо“, овој 30-годишник е голем обожавател на канадската пејачка, и додаде дека најверојатно испил уште неколку чаши со нејзиниот концерт на Youtube па дошол до оваа идеја.

Тој преку апликацијата го смени името, плати 89 фунти како што треба, а потоа купи осум дополнителни сертификати што го потврдуваат ова – во случај некој да не му верува. Како што вели, тој дури и не се сеќавал на овој чин, сè додека на неговата адреса не пристигнале нови документи, со ново име.

Селин се пошегува дека не би сакал полицијата да го спречи во борба затоа што „може да биде чудно“. Неговата мајка на почетокот беше лута, но кога тој и објасни дека може да биде полошо, таа успеа да види колку е навистина смешно нешто.

“Јас и објаснив дека може да биде многу полошо. Можев да бидам Борис Џонсон. За среќа, тој нема концерти на Youtube”, рече тој.

Селин заклучи дека не брза да го смени името и дека засега не размислува за тоа.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote