Голем број на производите на светскиот гигант Nestle не ги исполнуваат светските здравствени стандарди.
Над 60% од храната којашто ја производува Nestle е нездрава, според документите кои протекоа во јавноста и во нив компанијата признава дека голем дел од ваквите производи не се во согласност со стандардите и се класифицираат како нездрави.
Она што е потрагично, во протечените документи, голем број на луѓе со високи функции во компанијата предупредуваат дека некои од производите никогаш нема да можат да бидат здрави за конзумирање, без разлика колку и да бидат „поправени“.