in

Голем метеор го осветли небото над Велика Британија седум секунди

ЛОНДОН – Голем метеор синоќа го осветли небото над Велика Британија и предизвика ентузијазам кај луѓето кои имаа можност да присуствуваат на небесниот спектакл, објави Гардијан.


Метеорот бил забележан нешто пред 22:00 часот по локално време и можел да се забележи околу седум секунди, а бил фатен од камерите во градовите Манчестер, Кардиф, Хонитон, Бату, Мидсомер Нортон и Милтон Кинс.

Британската служба за метеори, група астрономи-аматери, кои снимаат такви појави од 2012 година, напишаа на Твитер дека метеорот изгледа како огнена топка.

„На две видеа можевме да видиме дека метеорот се движи релативно бавно и беше јасно како се распаѓа објектот“, беше напишано на твит.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote