in

На Северна Кореја и недостигаат 860 илјади тони храна!

Северна Кореја оваа година се соочува со голем недостаток на храна од скоро 860.000 тони.

Оваа калкулација ја направи организацијата за храна на Обединетите нации и ја предупреди државата дека може да се соочи со голем глад во следните неколку месеци, доколку не ги превземе потребните мерки.

Северна Кореја е осиромашена земја и е под голем број на меѓународни санкции поради поседување на балистички ракети и нуклеарно оружје. Веќе подолг период се бори да го прехрани населението, а во меѓувреме трпи големи недостатоци на храна.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote