in

СлаткоСлатко Што?Што?

Големо откритие во водата под Антарктикот: Ниту научниците не очекувале дека ќе пронајдат вакво нешто

Научниците од Нов Зеланд открија живот во слатката вода длабоко под Антарктикот. Екосистемот е пронајден на стотици километри од устата на океанот и на околу 500 метри под површината на континентот.

Научниците веќе некое време знаат дека има мрежа од слатководни реки и езера под Антарктикот, но не очекувале дека ќе најдат живи суштества.

Станува збор за амфиподи, ситни животни кои достигнуваат големина од околу 5 милиметри и се во иста класа со раковите и јастозите.

Истражувачите мислеле дека добро ја познаваат областа и знаат што да очекуваат, но биле изненадени и воодушевени од откритието бидејќи покажува дека овие скриени води се екосистем.

Истражувањето на Антарктикот имаше за цел да ја утврди улогата на подземниот свет во топењето на глечерите предизвикани од климатските промени.

 

Во реката се инсталирани мерни инструменти, а научниците се надеваат дека наскоро ќе откријат што ги прави овие води уникатни, пренесува Гардијан.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote