in

Џо Гомез и Вирџил Ван Дајк се враќаат на тренинзите на Ливерпул

Вирџил ван Дајк и Џо Гомез беа вклучени во ростерот на Ливерпул којшто ќе патува на припремите во Австрија ова лето.

Двајцата дефанзифци отсуствуваа од терените веќе подолг период поради големи повреди на колената. Ван Дајк, 30, доживеа повреда во натпреварот со Евертон на 17 октомври минатата година, додека Гомез беше повреден за време на репрезентативните обврски со Англија во ноември.

Најновото засилување на Ливерпул, Ибрагима Конате, истотака беше вклучено во тимот којшто ќе патува во Австрија. Ливерпул сеуште нема закажано претсезонски натпревари и тој е единствен тим во Англија што не го направил тоа.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote