in

Google планира да ја смени класификацијата на боите на кожата!

Google развива алтернатива на индустрискиот стандарден метод за класифицирање на боите на кожата.

За овој стандарден метод, технолошките експерти и дерматолозите велат дека не е адекватно во проценката дали одредени производи се пристрасни и дискриминираат кон луѓето од различни раси.

Тоа е скала со шест бои, позната како тип на кожа Фицпатрик (FST), која дерматолозите ја користат уште од 1970-тите.

Технолошките гиганти досега се потпираа на таа скала, но сега најавуваат промени.

„Работиме на алтернативни, посеопфатни мерки што би можеле да бидат корисни во развојот на нашите производи и ќе соработуваме со научни и медицински експерти, како и со групи кои работат со различни раси“, рече Google.

Дека технологијата работи добро за сите бои на кожата, како и за различна возраст и пол, станува сè поважно бидејќи новите производи, кои често се напојуваат со вештачка интелигенција (АИ), се шират во чувствителни и регулирани области како што се здравствената заштита и спроведувањето на законот. Техничките компании сега се потпираат на категоризирање на луѓе и мерење дали производите како што се системи за препознавање на лице или паметни часовници со сензори за отчукување на срцето имаат ист ефект за сите тонови на кожата.

Технолошкиот стандард за различни тонови на кожата треба да се состои од 12 до 18 различни нијанси, а не само од шест, како што беше досега, велат експертите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote