in

WTFWTF

Google се заканува дека ќе се повлече од Австралија поради новиот закон!

Google се закани дека ќе го повлече својот пребарувач на интернет од Австралија поради обидите на земјата да наметне обврска да ја сподели својата заработка со медиумските куќи кои објавуваат вести на нивните портали.

Австралија е првата земја во светот што воведува закони врз основа на кои Google, Facebook и други големи технолошки компании ќе им плаќаат на медиумите за користење на нивната содржина. Сепак, американската компанија одговори дека ќе ги повлече своите услуги доколку се донесе таков закон.

Австралискиот премиер рече дека нема да подлегне на вакви провокации и закани!

Иако земјата е далеку од најголемиот пазар на Google, сепак овој потег ќе ги натера големите фирми да преговараат со медиумските куќи за вредноста на нивната содржина.

Директорот на Google во Австралија, Мел Силва, рече дека предложената регулатива не е изводлива и дека доколку се донесе законот, компанијата нема друг избор освен да го оневозможи Google во Австралија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote