in ,

Што?Што?

По критиките за нејзиното облекување, еве во што се појави Џорџина на натпреварот на Роналдо

Откако Роналдо се пресели во Саудиска Арабија со семејството поради ангажманот во клубот Ал-Наср, неговата вереница Џорџина се соочува со многу критики за нејзината провокативна облека.

Изгледа  решила да се прилагоди на тамошниот начин на живот, па на натпреварот се појавила во фармерки, дрес и штикли.

Нејзината Birkin чанта привлекла посебно внимание, а овој модел чини речиси 100.000 евра.

„Престани да се фалиш со чантите и накитот, подобро научи англиски“, „Со тие пари можеш да купиш куќа“, „Тие чанти се прескапи, а ти имаш најмалку 10“, се само дел од коментарите.

Џорџина го следеше натпреварот во друштво на синот на Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор.

За потсетување, вереницата на Роналдо неодамна беше гостинка на доделувањето на наградите „Џој“ во Саудиска Арабија, кое е едно од најголемите регионални церемонии за доделување награди во чест на познатите личности за нивните достигнувања.

На наградата Родригез даде и кратко интервју на англиски јазик, а нејзината нервоза и акцент придонесоа нејзините изјави да не бидат толку лесни за разбирање, а многумина ја исмејуваа на социјалните мрежи.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote