in

Градоначалничката на Амстердам не сака канабис-туристи!

Градоначалничката на Амстердам, екологистката Фемке Халсема, предложи да им се забрани на туристите да ги посетуваат градските „кафулиња“, каде марихуаната првенствено се продава и консумира.

Таа сака да ја намали „привлечноста на Амстердам како дестинација за туризам на мека дрога“, напишала во писмото до нејзиниот градски совет во петокот.

„Во последниве години, видовме дека побарувачката за канабис во Амстердам е неверојатно зголемена“, рече Халсема во интервју за јавната телевизиска станица НОС.

„Ова главно се должи на зголемувањето на бројот на туристи“, додаде таа, истакнувајќи дека некои од нив се туристи од канабис кои доаѓаат во Амстердам единствено да ја консумираат дрогата.

Тие туристи од канабис се извор на проблеми за центарот на градот, рече градоначалникот.

„Амстердам е меѓународен град и ние ги поздравуваме туристите, но би сакале туристи кои доаѓаат поради богатството на градот, неговата убавина, културните институции“, рече таа за холандската јавна телевизија.

Според податоците на Министерството за јавно здравје, Холандија има 570 кафулиња, а според податоците на Амстердам, во тој град има 166, или 30% од сите во Холандија.

Од 1970-тите, холандската влада ги толерира оние продавници што продаваат канабис, но производството и снабдувањето со канабис се, сепак, нелегални.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote