in

WTFWTF Што?Што?

Поради граматичка грешка, илјадници крштевки прогласени за неважечки

Католички свештеник во Феникс, Аризона, беше принуден да поднесе оставка и да се извини откако беше откриено дека илјадници негови крштевки се неважечки поради граматичка грешка.

 

Андрес Аранго работи како свештеник со децении, служејќи во Бразил во доцните 1990-ти пред да работи во Сан Диего и Феникс.

– Ги известувам верниците дека крштевките што ги изврши свештеникот Андрес Аранго, свештеник на епархијата во Феникс, се неважечки – вели во своето писмо епископот Томас Олмстед.

Според доктриналната белешка од август 2020 година, свештеникот користел неважечка формула за крштевање „Ве крштеваме во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“, објави Католичката новинска агенција претходно оваа недела.

– Проблемот со употребата на „Ние“ е што не е заедницата која го крштева човекот, туку Христос, а само тој претседава со сите свети тајни – вели бискупот Олмстед во своето писмо на 14 јануари.

Според бискупот, ако сте крстени со погрешни зборови, тоа значи дека вашето крштевање не е валидно, и дека не сте биле крстени, пренесува Индипендент.

„Ќе мора повторно да се крстите“, рече тој.

Од епархијата соопштија и дека свештеникот Аранго „не бил дисквалификуван“ од службата.

– Тажно е што дознав дека за време на мојата свештеничка служба вршев неважечко крштевање со редовно користење на погрешна формула – изјави Андрес Аранго.

Според медиумите, станува збор за илјадници крштевки кои се извршени на погрешен начин, поради што епархијата работи заедно со свештеникот да ги информираат сите што се погрешно крстени.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote