in

Греми награди – комбинација на настапи во живо и снимки!

Оваа година нема да има публика во живо на Греми наградите, но организаторите се потрудија да обезбедат настапи на големите sвезди.

На списокот на изведувачи кои ќе настапат за време на доделувањето на наградите се поп-sвездите Тејлор Свифт, Били Ајлиш, Дуа Липа, БТС, Хари Стајлс.

Други уметници кои го потврдија своето присуство се Бед Бани, Карди Би, Блек Пума, Доџ Кет, ДаБејби, Хаим, Британи Хауард, Миранда Ламберт, Бренди Карлајл, Меган Т. Стелион, Џон Мајер, Марен Морис, Пост Мелоун, Роди Рич, Мики Гајтон и Тамика Д Малори.

На доделувањето на наградите домаќин ќе биде комичарот и тв водител Тревор Ноа во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес. Поради пандемијата, програмата, како што наведуваат организаторите, ќе биде комбинација од настапи во живо и претходно снимени материјали од различни локации.

Инаку, Абел Тесфаје, попознат како Викенд, најави постојан бојкот на Греми, наведувајќи ја корупцијата во процесот на избор на номинации за награди доделени од Американската академија за рекордни уметности и науки.

Бијонсе, Тејлоф Свифт, Дуа Липа и Роди Рич се меѓу уметниците со најмногу номинации за наградата што се доделува вечерва.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote