in

ВНИМАНИЕ! ЗА ТИЕ ШТО ЌЕ ПАТУВААТ! Грција ги заостри мерките за влез во земјата!

Грција ќе затвори еден граничен премин со Албанија и ќе ги тестира сите што влегуваат во земјата, изјави портпаролот на владата Стелиос Пекас по повод влошувањето на состојбата во северна Грција.

Бројот на пациенти во Грција драстично се зголеми во претходните недели, поради што е воведен полициски час во целата земја, втор годинава, објави Ројтерс.

Најпогодени се северните региони, особено Солун, и секој што има намера да влезе во Грција треба да покаже негативен PCR-тест направен најдоцна во рок од 72 часа пред да влезе во земјата, а потоа тие ќе бидат тестирани по пристигнувањето во Грција.

Најновите мерки стапуваат на сила во петокот наутро, а Пецас побара од граѓаните да ги почитуваат мерките.

Грција потврди нови 3.227 случаи на коронавирус денес, а други 59 лица починаа како резултат на ковид-19, објави Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

Вкупно 85.261 случај е потврден од почетокот на пандемијата, додека 1.347 починале, пренесува грчката агенција АНА.

Постојат 499 пациенти на респиратори.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote