Грејмс Маск, сопругата на еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, заработи вртоглави 5.8 милиони долари за само 20 минути продавајќи крипто-уметност онлајн. Грејмс, која неодмна доби дете со Илон, е уметник и продава дигитални слики на интернет.
Таа направи онлајн аукција за нејзините дела минатиот викенд и за само 20 минути заработи сума која обичните луѓе ниту можат да ја замислат. Грејмс за обработката на овие дела работеше заедно со нејзиниот брат, Мак Бучер.
Коментари
Loading…