in

БИЗАРНО: Гром уби 16 луѓе додека правеле „селфи“!

Дури 16 луѓе починаа поради удар од гром додека правеле селфи за време на невреме во Индија.

Настраданите за време на настанот биле на врвот на високата кула која се наоѓа во Џаипур. Во моментот биле присутни 27 луѓе на врвот кога громот удрил во кулата. Дури 16 луѓе починале како последица на ударот и од полицијата потврдија дека голем број од нив биле млади лица.

Ова не е прв пат да се случи ваков настан поврзан со гром. Во минатото, во останатите региони во Индија се верува дека починале околу 41 луѓе поради удар на гром. Смртните случаи се високи во Идија бидејќи голем број на луѓето работи на отворено и блиску градежни зони.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote