in

Роман Грожан едвај извлече ЖИВА ГЛАВА во Бахреин! (ФОТО)

Роман Грожан моментално се наоѓа во болнива и ги лекува неговите изгореници по неговата хорор несреќа на Големата Награда на Бахреин. Французинот заврши во заштитната ограда со својот болид на Хас и неговото возило веднаш се запали при ударот на самиот почеток на трката. Болидот на Грожан се подели на два дела и неговиот живот го спаси „хало“ уредот кој се наоѓа на болидите од 2018 година.

„Роман ќе остане во болница преку ноќ за закрепне од неговите изгореници кој ги задоби на двете дланки.“ изјавија во официјално соопштение од Американскиот тим Хас. „Чудо е што остана жив“ напиша Дејмон Хил на социјалните мрежи. Хил беше тимски колега на легендарниот Сена во сезоната кога тој заврши во бариерите на траката во Сан Марино и го загуби својот живот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote