in

Грожан се враќа во Ф1! Ќе вози болид на Мерцедес!

Роман Грожан ќе има можност да вози болид на Мерцедес во еднодневното враќање во Формула 1 по неговата страотна несреќа која се случи во Бахреин минатата сезона.

Грожан ќе добие шанса да го испроба шампионскиот болид на Луис Хамилтон од 2020 година на Големата Награда на Франција која треба да се одржи на 27 јуни оваа година. Французинот изјави дека враќањето во Ф1 е специјален момент за него.

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф му даде можност на Грожан повторно да застане зад воланот на Ф1 болид, бидејќи Французинот не треба да за заврши кариерата во најпрестижниот моторспорт по таква голема несреќа.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote