Менаџерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола доби нови 200 милиони евра за да тргува во идните трансфер периоди. Познато е дека тимот од Манчестер ќе се обиде да го појача својот тим, а на Пеп му е потребен нов напаѓач, бидејќи Агуеро речиси сигурно го напушта Етихад.
Медиумите од Островот тврдат дека новото засилување на Гвардиола ќе биде Ромелу Лукаку. Белгиецот има одлична сезона, и ќе им дојде како „шлаг на торта“ на челниците во Сити!
Коментари
Loading…