Директорот на модната куќа Gucci, Алесандро Микеле, уште еднаш покажа зошто е моден генијалец – создаде бизарна колекција што е духовит одговор на целиот плагијат на неговиот дизајн.
Gucci објави голем број парчиња кои се тотално „мета“ – затоа што се автентични, преценети парчиња на кои има натпис „лажни“. Тоа е одлична игра на Микел, со која тој испрати одлична порака до сите плагијатори – и ги има многу.
Веруваме дека само парчињата Louis Vuitton се почесто копирани од чантите на Gucci, ремените, чашите, облеката.


Колекцијата има 14 парчиња, а цените на некои достигнуваат 2.000 евра.
Најевтиното парче од колекцијата е мал паричник, кој чини околу 300 евра.

Патики, дуксери, влечки, паричници и сите други парчиња од колекцијата имаат класична двобојна лента што за прв пат беше видена лансирана во 80-тите години на минатиот век. Токму во овој период, логото и мотивите на Gucci беа нелегално присвоени за прв пат.


Коментари
Loading…