Според неколку извори, Американскиот тим во Формула 1, Хаас не планира да ги продолжи договорите на нивните овогодишни возачи Кевин Магнусен и Роман Грожан. Екипата се очекува да ја потврди оваа одлука пред викендот што ќе се одржи во Портимао, Португалија.

Трката во Портимао ќе биде 12та сезонава од 17те трки. Замените за Данецот и Французинот во тимот на Хаас сеуште не се познати, но се верува дека одлуката е поради финансиски проблеми кој се предизвикани поради пандемијата. Екипата ги разгледува можностите и една од опциите е потпишување на 2 возачи од Формула 2 поради ниските плати.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…