in

Хакерски напади ја чинеле Русија скоро 50 милијарди долари!

Кибернападите оваа година ги чинеа руските компании и граѓани до 3.600 милијарди рубљи (49 милијарди долари), соопшти најголемата кредитна банка на Русија, Сбербанк.

Во обид да се избори со сивата економија, Русија ги охрабри граѓаните да преминат на банкарски картички и да ја ограничат употребата на готовина, но бројот на прекршоци поврзани со банкарски картички се зголеми за четири пати, проценува Министерството за внатрешни работи.

Станислав Кузњецов, заменик претседател на Сбербанк, задолжен за надзор над безбедноста и услуги, рече дека главните цели на кибернападите се приватните компании и граѓаните, бидејќи државните безбедносни служби се подобро заштитени.

– Приватниот сектор е најранлив, сè беше цел – од сметки на клиенти до финансиски податоци и тендерски документи. На „дарк веб” постојат околу 2,3 милиони сметки на руски јазик кои нудат украдени податоци, рече тој.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote