Светската тенисерка број 3 и шампионот од пред 3 години, Симона Халеп се повлече од Френч Опен поради повреда.
Романката, која ја освои својата прва Грен Слем титула на Ролан Гарос, мораше да се повлече од овогодишниот Опен кој ќе се одржи во Франција поради повреда на мускулот. Таа стигаше до финалето во Франција дури три пати во нејзината кариера.
Турнирот е закажан да започне на 30 мај. Следен турнир на кои таа може да настапи ќе биде Вимблдон и ќе ја брани титулата бидејќи таа е последен шампион на турнирот кои последен пат се одржа во 2019 година.