in

Луис Хамилтон станува ВИТЕЗ!

Луис Хамилтон, кој неодамна успеа да ја освои својата 7ма титула и го израмни рекордот на Мајкл Шумахер, беше вклучен во списокот на граѓани на Велика Британија кои ќе добијат витешка титула. Според популарниот таблоид The Sun, Хамилтон ги исполнува сите услови за доделување на титулата.

Неговите даночни обврски се добро подмирени и комитетот за доделување на ваквата награда го подржа возачот. Хамилтон беше номиниран за витешката титула поради неговите големи остварувања во спортот. Веднаш по освојувањето на рекордната 7ма титула во Големата Награда на Турција, кралицата Елизабета му испрати честитки на Британскиот возач.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote