Луис Хамилтон ја освои својата седма титула и стана најуспешен возај на сите времиња со маестралната победа во Големата Награда на Турција во недела. Возачот на Мерцедес успеа да го изедначи легендарниот рекорд на Мајкл Шумахер со освоени 7 светски титули, а минатиот месец забележа повеќе победи од Германецот.
Победата на влажната и лизгава патека во Истанбул е негова 94та во кариерата. За прв пат оваа сезона на подиумот заедно со Хамилтон се најдоа Серхио Перез и Себастиан Ветел. Чарлс Леклер заврши 4ти, а веднаш зад него беше Саинц. Вториот болид на МекЛарен беше осми, измеѓу нив се најдоа само двата РедБул-а. Строл и Рикиардо беа на последните две позиции кој носат поени.
Коментари
Loading…