Луис Хамилтон ќе учествува во трката која ќе се одржи во Абу Даби, откако доби негативен тест на корона вирус. Седумкратниот светски Формула 1 шампион ја пропушти Големата Награда на Сахир бидејќи беше заразен со Ковид-19 минатиот викенд.

Хамилтон, 35, пристигна во Абу Даби денеска откако беше во самоизолација 10 дена, според протоколите на државата Бахреин. Неговиот сограѓанин Џорџ Расел, 22, го замени и возеше за Мерцедес минатата трка, а сега тој ќе се врати во неговиот тим Вилиамс.
Коментари
Loading…