in

Хамилтон потпиша нов двогодишен договор со Мерцедес!

Светскиот шампион Луис Хамилтон потпиша нов двогодишен договор со Мерцедес.

Британецот, 36 освои шест од неговите седум титули со германскиот гигант откако се приклучи на тимот од Мекларен во 2012 година. Со новиот договор тој се обврзува да остане со Мерцедес до 2023 година.

Оваа сезона Хамилтон се обидува да стигне до рекордните 8 титули откако минатата сезона го израмни рекордот на Мајкл Шумахер. Моментално тој е на втората позиција на табелата и се наоѓа зад неговиот главен ривал Макс Верстапен.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote