in

ХАМИЛТОН ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС! Го пропушта Сахир!

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон нема да се натпреварува во трката за Големата награда на Сахир во Бахреин, бидејќи доби позитивен резултат по тестот на Ковид-19, официјално беше потврдено од Формула 1.

Британецот е трет возач на Формула 1 во тековната сезона кој има позитивен тест за новиот вирус, а пред него, Серхио Перез (Силверстон) и Ленс Строл (Германија) ги пропуштија трките поради инфекцијата.

Се очекува Мерцедес што поскоро да објави кој ќе биде замената за 35-годишниот Хамилтон.

За да се врати на патеката, на Хамилтон му треба негативен тест, па неговото враќање на последната трка во сезоната во Абу Даби е доведено во прашање.

Хамилтон веќе ја обезбеди титулата во возачка конкуренција затоа што е на првото место во генералниот пласман со 131 поен повеќе од првиот вицешампион – соиграчот Валтери Ботас.

Трката во Бахреин е на програмата во недела, 6 декември, во 18:10 часот по средноевропско време.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote