in

Хамилтон остана во Мерцедес за плата од 40 милиони фунти!

Луис Хамилтон потпиша нов мултимилионски договор со Мерцедес.

Британецот, седумкратен светски шампион, ќе вози барем уште една сезона во таборот на „Сребрените стрели“ – за годишна плата од 40 милиони фунти!

Тоа се пет милиони повеќе од претходниот договор, што дополнително ќе го мотивира 35-годишниот Луис во намерата да стигне до осмата титула и со тоа да стане најуспешниот возач на Формула 1 на сите времиња.

Со истекот на договорот на крајот на 2020 година, Хамилтон јасно изрази желба да остане во Мерцедес, во кој се приклучи во 2013 година и со кој освои шест од седум титули светски шампион.

Интересно, ова веројатно ќе биде последниот договор со оваа сума пари во Формула 1, имајќи предвид дека ќе следи ограничување на платата, што ќе се применува од 2022 година.

Мерцедес исто така потврди дека Тото Волф ќе остане на чело на тимот и извршен директор во наредните три години, по преструктуирањето на сопственоста.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote