in

Хамилтон стигна до победа во драматичната трка во Каталонија!

Луис Хамилтон благодарение на брилијантната тактика на Мерцедес и неговиот фантастичен перформанс, стигна до нова победа во својата кариера.

Трката која се возеше во Шпанија, Барселона му припадна на Британецот со што тој го зацврсти водството пред Макс Верстапен. Ова е трета победа на Хамилтон во четири трки оваа сезона. Верстапен водеше цела трка се до 60тиот круг, кога седумкратниот шампион успеа да го престигне.

На Ред Бул му припадна дополнителниот поен кој се доделува за најбрз постигнат круг на трката. За Британецот ова е негова 98 победа во кариерата, додека до 100 пол позиција стигна овој викенд. Хамилтон сега има 14 поени повеќе од второпласираниот Холанѓанин.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote